Над 120.000 посетители годинава во Центарот за култура-Битола

Центарот за култура-Битола успешно ја реализира програмата за 2016 година, рече директорот на таа национална установа Борче Димитровски на традиционалната предновогодишна средба со новинарите.

Според Димитровски, комулативно на сите настани во Центарот за култура-Битола регистрирани се над 120.000 посетители.

Во вкупниот број на настани предничи кино дејноста и затоа регистриравме околу 40.000 редовни посетители несметајќи ја посетеноста на фестивалот „Браќа Манаки“ со која бројот надминува 50.000 гледачи на филмските проекции во Центарот за култура. Оваа година посебен акцент ставивме на музичко сценската дејност и нашиот тим освен што е задоволен од реализираното туку и организираните концерти сеуште се паметат по својата импозантост, изјави Димитровски.

До крајот на годината, Камерниот оркестар на Битола кој работи под покровителство на НУ Центар за култура ќе приреди концерти во киното „Милениум“ во Скопје,  на 25 декември, а традиционалниот новогодишен коцерт ќе се одржи на 29 декември, беше соопштено на денешната прес конференција во Битола.