МВР: Државните институции на Македонија беа цел на терористички напад

Четириесетина маскирани лица со униформи на УЧК, ноќеска околу 2.30 часот, ја зазеле полициската станица во Гошинце и заробиле четворица полицајци кои биле дежурни во караулата.

 
Лицата се претпоставува дека се од Косово. Биле заедно со преведувач, кој зборувал на лош македонски јазик со србизми.

Целиот настан го снимале, а на заробените полицајци им рекле: „Ниту Ахмети, ниту Груевски може да ве спаси“.

Тие го одзеле оружјето од полицајците, тројца врзале, а едниот го нападнале.

На заминување им се заканиле и им рекле да ја напуштат караулата по половина час или ќе бидат ликвидирани.

Полицајците успеале да се одврзат и го пријавиле случајот. Ова е официјалната верзија на МВР, што ја соопшти портаролот Иво Котевски, кој прес-конференцијата ја започна со зборовите државните институции на Македонија беа цел на терористички напад. /крај/мф/ффс

Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.