Лазар Котевски веќе трет мандат заеднички со својата општина чекори кон визијата таа да прерасне во место, кое нема да биде препознатливо само како општина со најголема површина, туку и по своите културни особености и зголемен број на население. Умешноста да се искористат европските фондови во насока на оживување на културно-историските спомен обележја, во 2014 година резултираа со завршница на проектот „Жива историја-жива природа“., а наскоро се очекува и да заполчне и втората фаза од овој ИПА проект кој се реализира во соработка со општина Алмопиа од Грција.
Главен предизвик за Котевски и натаму е подобрување на животниот стандард на населението во Општина Новаци и затоа постојано се работи на решавање на инфраструктурните проблеми и во најмалото населено место. Детскиот џагор се повеќе се слуша во населените места, училиштата се полнат со деца и запрено е масовното иселување на населението. Општината нуди и свое оригинално решение- за секој склучен брак на лица над 40 години доделува финансиска помош од 30.000 денари, а за секое новородено дете по 5.000 денари. Изминатата 2014 година, во Општина Новаци се родиле 28 деца, за кои се исплатени 140.000 денари.
Лазар Котевски, за секој следен преземен чекор во насока на подобрување на квалитетот на живеење на своето население, задолжително се потпира на нивните барања и потреби, така што Општина Новаци е една од ретките која транспарентно го креира буџетот за секоја наредна година преку Форуми на заедницата-буџетски форум.
Но населението сепак, не може а да не се осврне на последните катастрофи со поплавите во новачката општина, а за нив, своевиден херој е токму градоначалникот Лазар Котевски, кој застанувајќи на првата борбена линија и слушајќи го апелот за помош на своето население, од невозможното правеше возможно. Неговото сесрдно залагање, велат новачани, ставајќи го животот и интересот на своите сограѓани пред општествените добра и правила, придонесоа катастрофата да не биде уште поголема.
Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски ја доби наградата за придонес во развојот на прекуграничната соработка на манифестацијата „Избор на најпопуларни“ во организација на ТВ Орбис.