И по 20 дена, дури и по престанокот на врнежите, битолчани остануваат затрупани во снегот, неможејќи да ги извршуваат секојдневните обврски.
Во Битола скоро и да не постои исчистен паркинг простор каде што може да се паркира безбедно. Битолчани своите возила ги оставаат врз купови снег или на коловозите со што се загрозува безбедноста и на пешаците и на сите учесници во сообраќајот.
Граѓаните се во опасност кога се движат по заснежените и замрзнати површини.
Во Битола не може да се паркира ниту во централното градско подрачје, ниту на паркингот на Клиничката Болница со кој стопанисува фирмата Градски паркинзи.
А во меѓувреме наплатата за паркинг простор си тече најнормално.
Граѓаните плаќаат за услуга која не ја добиваат а при тоа општинските служби се неми на целата ситуација.
Според одговорот што го добивме од страна на Градски паркинзи и Општина Битола, одговорни за одржување и чистење во зимски и летни услови на паркин просторот со кој стопанисува ова претпријатие се фирми (овластени за тоа) со кои Паркинзи има склучено договор!
Бараме, ДПН Градски паркинзи Битола и Општина Битола, да ни одговорат:
Кои се фирмите кои се овластени за одржување на паркинзите?
Дали такви фирми постојат и зошто истите не си ја завршија својата задача?
Бараме паркинзите итно да се расчистат бидејќи граѓаните плаќаат за тоа.
Поради ваквиот неодговорен начин на владеење, битолчани избраа промени.
Потребни се нови одговорни власти што ќе водат реални политики и ќе се грижат за реалните потреби на граѓаните.