Ќе ја оживееме старата чаршија

Една од карактеристиките на 12 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ во Битола е уништувањето на битолската чаршија.

Никогаш повеќе немало затворени катанци, никогаш повеќе спуштени кепенци и натписи на дуќаните се издава и се продава. Ако секаде во светот градските чаршии можат да работат може и битолската. Спремни сме и сакаме во наредниот период да преземеме низа мерки со кои ќе ја оживееме старата чаршија.

Нема да се срамиме од работа, нема да се срамиме од идеите на граѓаните, отворени ќе сме кон сите и ќе примениме се овој дел на градот да заживее и да го добие вистинскиот лик односно она што го сакаат битолчани, вистинска чаршија со многу луѓе и со многу промет во неа.

 Изјави носителот на советничката листа на СДСМ и коалицијата – Валентин Груевски