Во Битола постојат огромни сообраќајни проблеми. Еден од најголемите е доаѓањето на училиште на децата од населбата Боримечка во училиштето Коле Канински.
За да стигнат на час мораат да преминат преку железничка пруга и многу прометна улица. Новата локална власт ветува многу работа, многу посветеност и живот во Битола за сите. Ветуваме изградба на надвозник кај населба Боримечка преку кој безбедно ќе може да се поминува и да се стига во училиштето Коле Канински.
Ќе градиме одговорно, транспарентно и домаќински за секој граѓанин да добие решение кое ќе му го подобри животот во неговата животна средина.
Изјави Валентин Груевски, носител на листа за советници од СДСМ и коалицијата.