Во последната деценија Битола го изгуби сјајот. Раскопани улици, младите си отидоа, а тие се богатеа на нашиот грб. Доста е, промени мора да се случат. Промените се наши и ќе се случат на 15 октомври во првиот изборен круг.
Битола нема време за чекање, овие избори се за поинаква Битола, која ќе биде перспективна. Ќе направиме гасификација по примерот на Струмица, а ќе имаме и сообраќаен режим и нови паркиралишта. Младите ќе имаат повеќе простор за разни спортови преку мултифункционалниот спортски центар што ќе го изградиме. Ќе ги зголемиме капацитетите во градинките и домовите за старите лица, а минато ќе биде ѓубрето расфрлано низ градот.
Ќе се облагородат месните заедници, кои ќе бидат топли катчиња на нашите граѓани. Современите услови во училиштата се основни приоритети кои мора веднаш да се спроведат и тоа е должност на секоја локална власт“, рече кандидатката Наташа Петровска.