Информација за распрскување на средство за контрола и намалување на ситната прашина (ПМ10 и ПМ2,5 честичките)

Општина Битола денес од 12 часот започува со третирањето на градските сообраќајници со калциум магнезиум ацетат, како една од мерките за намалување на загадувањето на амбиентниот воздух.

Ќе се прска на следните улици:

ул. „Партизанска“

ул. „Васко Карангелевски“

ул. „Бул. 1ви  мај“

ул. „Филип Втори Македонски“

ул. „Прилепска“

 

Брзината на возење по улиците каде што ќе се аплицира средството калциум магнезиум ацетат ќе биде ограничена на 40 километри/час, заради можна појава на лизгавост на коловозот. На улиците ќе биде поставена и соодветна сообраќајна сигнализација.

„Калциум магнезиум ацетат е средство кое се користи за контрола и намалување на ситната прашина (ПМ10 и ПМ2,5 честичките) и за стабилизација на патиштата. Средството е еколошки производ, биоразградлив, не е штетен за растенијата (погоден е за апликација во близина на паркови и зелени површини), а најважно е што не е корозивен (нема да предизвика оштетување на возилата). Производот е лесен за апликација и целосно е стабилен. Искуствата од европските градови каде што се користи ова средство укажуваат дека со негово аплицирање потенцијалот за намалување на прашината е од 10 до 30 проценти.

Со ова средство ќе се прска и во наредниот период кога ќе има потреба и кога ќе дозволуваат временските прилики.

Исто така, се повикуваат граѓаните на Општина Битола да се воздржат од користење на материјали за загревање на простории, кои што не се дозволени со закон. Воедно известуваме и дека општинската инспекција ќе спроведува засилени активности за контроли во наредниот период.