Од областа на противпожарната заштита во неговата програма има два проекти кои се поврзани со директна финансиска помош.
Едниот проект е за реконструкција на зградата на Противпожарната единица во Битола со надградба, овозможување на услови за подобро функционирање и работење. Вредноста на овој проект е 12 милиони денари. Вториот дел од помошта за функционирање на привопожарната единица во Битола е купување на опрема во вредност од 12.300.000 денари, рече Илиоски.
Ќе опфати трет сегмент, односно ќе се помага и доброволното служење на противпожарната единица со ангажирање на доброволци кои ќе бидат и обучени, а ќе се користат особено за шумски пожари да има помош од граѓаните кои сакаат да помогнат.