Денес се наоѓаме пред комплексот “Шехерезада”,од каде Талески и ДПМНЕ уште во предизборната кампањата во 2005-та година ветуваа дека ќе започне да функционира ТОПЛАНАТА за Битола, која ќе ги снабдува сите поголеми фирми. Иако не ја направија,во 2013 година ветија и ТОПЛИФИКАЦИЈА за Битола.Со овој проект бешезамисленаизградба на топловодна мрежа од РЕК Битола со која би се решил проблемот на греење во општинитеБитола, Новаци и Могила.
Повторно лага, овај проект досега требаше да биди готов.
Уште еден проект кој ДПМНЕ и Талески го ветија икој требаше да биди завршен уште во 2016 година е ГАСИФИКАЦИЈА на Општина Битола. Со овој проект бешепланирано да се обезбеди гас до секое домаќинство, со што би се намалиле нивните трошоци.
Уште едно лажно ветување, а нештата да бидат потрагични истите проекти ги ветува и новиот кандидат за Градоначалник – Зоран Илиоски.
Господа од ДПМНЕ, како битолчани да ви веруваат сега кога 12 години ги лажете?
Како да се надеваат со вас на подобро утре кога од Битола направивте град во изумирање.
Доволно видовме од вас и вашите проекти!
Почитувани битолчани,
Спроведување на гас до секој дом ќе биде клучен приоритет на идната локална самоуправа предводена од СДСМ и колацијата.
Битола мора да има ГАСИФИКАЦИЈА.
Само заедно со Вас, можеме да гонаправименашиот град подобро место за живеење!
Да гозаокружимебројот19 – за живот во Битола за сите!
Изјави кадидатот за советник – Методија Илиевски