Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија остро реагира на говорот на омраза забележан на протестот на приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ пред Државната изборна комисија, како и повиците за линч преку социјалните мрежи.
Хелсиншкиот комитет апелира до надлежните државни институции, вклучувајќи ги Министерството за внатрешни работи и јавното обвинителство да преземат итни и неодложни мерки за гонење на говорот на омраза.
Според Хелсиншки, неказнивоста на ширењето и промовирањето на говор на омраза во јавниот простор претставува толеранција и оправдување на говорот на омраза.