„ Денеска во Брисел се одржува 14-от состанок на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Република Македонија и Европската унија, претставуван преку Комитетот на региони. Наша делегација присуствува на третата пленарна седница на Денот на проширување (Enlargement Day).
На оваа седница присуствуваат делегатите на ЗКК на Македонија, Србија и Црна Гора, како и членовите на работните групи на Турција и Западен Балкан. “ рече Лазар Котевски градоначалник на општина Новаци.
Заедничкиот консултативен состанок се применува од 2008-ма, а го сочинуваат 22 члена на еднаква основа.