Град Скопје се откажа од новогодишниот дочек, парите ќе го донира во социјални цели

Градот Скопје преку соопштение ја информира јавноста дека се откажува од дочекот на Новата 2017 година што требаше да се одржи на плоштадот Македонија.

Средствата планирани за организирање на дочекот во изност од околу 2 милиона денари, Град Скопје, ќе ги донира во социјални цели. Одлуката каде ќе бидат донирани средствата ќе ја донесе Советот на Град Скопје.

Градот Скопје веќе 10 години наназад троши минимални средства за организирање на дочекот на Новата година затоа што забавата за граѓаните ја финасираа мибилните оператори во земјава, а годинава спонзор на забавата требаше да биде Македонски Телеком.

Инаку претходно, Град Скопје, најави богата новогодишна програма со финансиска поддршка на Македонски Телеком и Пивара –Скопје. Беше најавено дека ќе настапат DJ Douz, Адријан Гаџа, Слаткар Каролина Гочева и Миле Кузмановски.