Фото ПАДНА КУЌА ВО ГРАИШТЕ

Стара и трошна куќа што се наоѓаше на работ од селската улица во селото Граиште што е дел од регионалниот пат Демир Хисар – Прилеп, не им одолеа на времето и староста. Не издржа северниот зид кој беше под постојана влага и вода и денеска попушти. При тоа со себе ги повлекол источниот и западниот ѕид, додека јужниот ѕид се уште стои и претставува опасност во статиката на соседен објект. По дојавата од страна на селаните, демихрисарската полиција веднаш ги обезбеди објектот и сообраќајот, а набргу беше испратена механизација од страна на „Македонија пат“ и сообраќајот повторно беше воспоставен.

Местото на настанот веднаш го посети градоначалникот на Општина Демир Хисар Љупчо Блажевски кој рече дека веднаш ќе преземе активности да ги информира сопствениците на објектот кои не живеат во селото, а доколку се укаже потреба, соодветно да помогне во расчистувањето на градежниот материјал.

Инаку пред два дена, при обиколката на градоначалникот Блажевски на најкритичните места од поплавување, случајно го посети и посочи овој објект како потенцијална опасност по безбедноста на луѓето и сообраќајот бидејќи веќе беше очигледна неговата трошност