Демократската унија за интегрaција(ДУИ) смета дека денешните настани во Куманово, но и тие претходните во Гошинце и експлозијата пред седиштето на ДУИ, како и други, се дејствија што се во целосна спротивност со стратешките определби на албанскиот народ, како во Македонија, така и на Косово, во Албанија и во Прешевската Долина.
Ова се вели во соопштението што во сабота наутро по настаните во Куманово, кога во полициска акција беа повредени петмина полицајци, го изјавија од ДУИ, од каде упатија апел до граѓаните да не наседнуваат на провокации.
„Ние сме убедени дека само една стабилна и сигурна Македонија може да биде од полза на целиот регион и дека ниту една дестабилизација на земјата не е во интерес на албанскиот народ во регионот. Албанците во Македонија имаат однапред определена агенда и се во содејство со САД, ЕУ и НАТО и сакаат да ја видат земјава со целосна еднаквост на граѓаните, со добри меѓуетнички и меѓусоседски односи, во мир и стабилност, како и зачленета во НАТО и интегрирана во Европската Унија“, се вели во соопштението од ДУИ. /крај/мф/ст