ДУИ: Инцидентот во Гошинце ѝ штети на агендата на Албанците во Македонија

dui

ДУИ смета дека инцидентот во Гошинце е акт кој и наштетува на агендата на Албанците во Македонија, како и воопшто на националната агенда, се вели во партиското соопштение.

„ДУИ ги повикува граѓаните да не се грижат и да не наседнуваат на провокации. Ги уверуваме граѓаните дека овие инциденти нема да нè оттргнат од нашата зацртана агенда и од нашите активности“, пишува во соопштението.

Од коалициониот партнер во власта бараат надлежните институции да ја преземат својата одговорност за да им гарантираат безбедност на граѓаните и што побрзо да го расветлат настанот.

„Во исто време бараме да се интензивира регионалната соработка за да се гарантира безбедноста и за да се намали просторот за дејствување на групи чија цел е да се спречи реализацијата на агендата за интеграција и помирување“, наведуваат од ДУИ во соопштението. /крај/мф/ст

Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.