ДИК: ВМРО-ДПМНЕ 51, СДСМ 49 мандати

Коалицијата на досега владејачката партија ВРМО-ДПМНЕ освоила 51 мандат во новиот состав на Собранието за кој се гласаше во неделата на предвремените парламентарни избори, два мандата повеќе од коалицијата на опозициската СДСМ којашто ќе има 49 пратеници, објави на прес-конференцијата во понеделникот вечерта, претседателот на Државната изборна комисија (ДИК).

Овој тесен резултат произлегува од освоените гласови поединечно во шесте изборни единица, при што опозициската СДСМ однесе победа со два мандата во првата, додека ВМРО-ДПМНЕ ја анулира оваа предност во третата изборна единица, а предноста од две пратенички места во парламентот и правото нејзиниот челник од шефот на државата да го добие мандатот за составување на новата влада го остварува во втората и шестата изборна единица каде, оствари подобар резултат од еден пратеник.

Според изборни единици

Во ИЕ 1 ВМРО-ДПМНЕ освои 8 мандати, СДСМ 10 мандати, БЕСА 1 и ДУИ 1 мандат.

Во ИЕ 2 ВМРО-ДПМНЕ освои 9 мандати, СДСМ 8 мандати, БЕСА 1 и ДУИ 2 мандати.

Во ИЕ 3 ВМРО-ДПМНЕ освои 11 мандати а СДСМ 9 мандати.

Во ИЕ 4 ВМРО-ДПМНЕ освои 10 мандати и СДСМ 10 мандати.

Во ИЕ 5 ВМРО-ДПМНЕ освои 9 мандати, СДСМ 9 мандати и ДУИ 1 и Алијанса на Албанците 1 мандат.

Во ИЕ 6 ВМРО-ДПМНЕ освои 4 мандати, СДСМ 3 мандати, БЕСА 3 мандати, Алијанса на Албанците 2, ДУИ 6 и ДПА 2 мандати.

Така, според Донтовиот метод ВМРО-ДПМНЕ има освоено 51 пратеничко место, а ДУИ 10 мандати. Со тоа владејачката коалиција во Република Македонија, со новите мандати има мнозинство и во новиот состав.

СДСМ остана на 49 пратенички мандати, а во Собранието влегоа и новоформираната партија БЕСА со 8 пратеници, како и новата коалиција Алијанса за Албанците со 3 мандата и ДПА со двајца пратеника.

Според апсолутните освоени гласови, прва е коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со 453.490 гласови, или 38,09 отсто, а следи коалицијата СДСМ со 436.604 или 36,67 отсто. ДУИ освои 86.838 гласови или 7,29 отсто, БЕСА – 57.933 гласа или 4,87 отсто, Алијанса за Албанците – 35.145 гласови или 2,95 отсто и ДПА – 31.027 гласови или 2.61 отсто.

Од партиите или коалициите кое не успеаја да обезбедат пратеник ВМРО за Македонија освои 24.473 гласови (2,06 отсто), Левица – 12.120 гласови (1,02), КПК Трет блок – 10.029 гласови (0,84), Либерална партија – 3.840 (0,32) и ПДП освои 1.142 гласа или 0,10 отсто.

Предвремените парламентарни избори по неколкукратно одложување во рамките на преговорите меѓу четирите најголеми партии застапени во претходниот состав на Собранието, со посредство на ЕУ и САД, се одржаа во неделата, со релативно висок одѕив на гласачите од 66,86 отсто, односно правото на глас го искористил 1.190.491 избирач од 1.784.416 гласачи во единствениот избирачки список. Притоа, неважечки се 37.832 гласачки ливчиња.