ДИК: Графолошко вештачење на потписот на жена во избирачко место во Гостивар, ВМРО-ДПМНЕ реагира

Државната изборна комисија (ДИК) донесе одлука во четвртокот вечерта да се изврши графолошко вештачење воврска со избирачкото место 0396/1 во Гостивар каде според приговорот на Движењето БЕСА, членовите на Избирачкиот одбир утврдиле обид една жена да гласа по вторпат.

Графолошкото вештачење на потписот на жената се бара со цел да се утврди дали таа се обидела да гласа по вторпат или некој друг гласал во нејзино име.

Претседателот на избирачкиот одбор, кој заедно со останатите членови беа сослушани од страна на ДИК, посочи дека кога жената дошла да гласа било утврдено дека таа веќе гласала, односно стоел потпис во графата каде требала да се потпише по што од неа било побарано да се потпише на бел лист хартија со цел да се утврди дали се работи за ист потпис. Откако утврдиле дека се работи за ист потпис, било заклучено дека станува збор за обид да се гласа по вторпат.

Копјата се вкрстија, бидејќи станува збор за преседан и се тврди дека ДИК не е орган во кој може да се врши графолошко вештачење.

Претходно, ДИК ги одби останатите седум приговори поднесени од Беса, а во тек е расправата по приговорите на Коалицијата предводена од СДСМ од кои два се одниеби

Одлуката на Државната изборна комисија за графолошко вештачење на потпис на една граѓанка која наводно не можела да го искористи правото на глас е скандалозна, изјави Никола Тодоров, шефот на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ.

„Апелирам до членовите на ДИК уште еднаш да си ја проверат одлуката и да ја корегираат. И покрај тоа што од општинската изборна комисија беше потврдено дека станува збор за жена која се обидела два пати да го искористри правото на глас. Одлуката на ДИК за графолошко вештачење е незапаметена во македонското изборно законодавство. Не смее да се дозволи ДИК да работи спротивно на законските прописи“, рече Тодоров.