Дедото на починатата Тамара од Велес е лицето кое пукало во Никола Тодоров

Полицијата официјално го потврди пукањето во Тодоров и потврди дека станува збор за 57-годишниот Љубчо Стојановски од с. Долно Каласлари, Велес.

MВР соошти дека повредени лица нема. Љубчо е приведен, а полицијата пронашла една чаура. Увидот сè уште трае.

Телевизија Телма, според неофицијални информации, пренесува дека напаѓачот е дедото на малата Тамара од Велес, која почина чекајќи Фондот да и одобри средства за операција во странство. Решението за одобрените пари пристигна ден по нејзината смрт.