Блокираните сметки и енормни долгови на училиштата се олицетворение на работата на ДПМНЕ

Доволно видовме што ДПМНЕ како општинска власт направи за Битола во изминатите 12 години. Имааа  повеќе од  доволно време да ги реализираат нивните проекти. Наместо тоа од градот си направија акционерско друштво, каде интересите на битолчани ги заменија со своите лични интереси.

Љубовта кон Битола се гледа пред се преку инвестирањето во младите.За жаллокалнатавласт на ДПМНЕ во заминување ниту за нив не направи ништо.

Крајно лицемерно е да ветуваат реконструкција на училиштата кои тие ги оставија во енормни долгови. Нивното неодговорно и недомаќинско работење доведе до тоа повеќе од  10 училишта да останат со блокирани сметки.

На почетокот на 2017-та долгот на Медицинското училиште изнесуваше  20 милиони денари,  Крсте Петков Мисирков – 15 милиони денари, Таки Даскало  – 11 милиони денари, Коле Канински 11 милиони денари, Елпида Караманди 7 милиони денари и уште многу други  кои останаа со натрупани долгови, додека вкупниот долг на сите училишта изнесуваше 107 милиони денари, или во превод  1.700.000 евра.

 Е тоа е правото лице на ДПМНЕ. Презадолжени основни и средни училишта и еден куп сомнителни тендери меѓу кои и најскапиот превоз за ученици, за кој има и обвинителни акти: Транспортер 1 и Транспортер 2.

Очигледно им стана навика се она што со нивното владеење го донеле на работ на пропаст, за време на кампања да ветуваат дека ќе го поправат. Па така сега имале визија и за офицерскот дом. Истите оние поради кои објектот е во распаѓање сега ќе го реновирале, а што е уште потрагично освен што го оставиа да пропадне, сакаа и да го продадат со смешна почетна цена од 900.000 евра. Да не се побунеа вистинските битолчани кои си ја сакаат Битола тоа и ќе го направеа.

Битола заслужува многу повеќе,одговорна и транспарентналокална самоуправа за која интересите на битолчани ќе бидат на прво место и која ќе го врати сјајот во градот и во него навистина ќе има живот за сите. Тоа и ќе го добие на наредните избори со заокружување на бројот 19.

Изјави портпаролот на СДСМ Битола и кандидат за советник – Борче Корлевски