Битола ќе добие современа противпожарна служба

„Денеска бевме во посета на противпожарната единица во Битола. Она што го видовме овде може да се нарече со два зборови, срамно и жалосно.

Катастрофални услови, катастрофална опрема и катастрофални материјално-технички средства.

Ние сме спремни и се обврзуваме дека ќе работиме на подобрување на условите во противпожарната единица во Битола и Битола да добие она што навистина и треба, современа противпожарна единица. Ветуваме дека ќе пренамениме една зграда во касарната која ќе може да ја користи противпожарната единица, ветуваме дека ќе го зголемиме бројот на пожарникарите во противпожарната единица согласно европските стандарди.

Ветуваме дека ќе ги подобриме материјално-техничките средства и дека ќе овозможиме Битола да има современа противпожарна единица. Граѓаните на Битола го заслужуваат тоа. Луѓето кои работат овде заслужуваат да имаат подобри услови, а со тоа граѓаните заслужуваат и треба да имаат вистински сервис, кој како општина треба да го понудиме.“ 

Изјави Валентин Груевски, носител на листа за советници од СДСМ и коалицијата.