Битола ќе добие современ и функционален градски стадион

Локалната власт предводена од ДПМНЕ го уништија спортот во Битола. Изминаа 12години, период во кој слушавме само лажни ветувања за изградба на спортски центар, спортска сала и затворен базен, а од тоа не остварија ништо.

Челниците од ДПМНЕ, меѓу кои и Зоран Илијоски  ветуваа дека ќе го изградат и стадионот под ТУМБЕ-КАФЕ , но освен промена на плановите и финансиските конструкции, за жал ништо друго не направија. Па така, со право можеме да заклучиме дека успешно ги излажаа Битолчани!

Затоа ние како идна локална власт ќе изградиме современ и функционален градски стадион кој е долгогодишна желба на Битола.

Стадионот ќе ги исполнува сите меѓународни стандарди и критериуми. Со негова изградба ќе се создадат предуслови Битола повторно да го врати својот сјај и да биде домаќин на најпознатите европски и светски клубови , а нашите сограѓани да ги следат натпреварите во издание со кое ќе се гордеат!

Изјави кандидатот за советник Методија Илиевски.