Антиќ-Костовска: СДС едно зборува, а друго прави – граѓаните ќе го казнат лицемерието

СДС едно зборува, а друго прави – граѓаните ќе го казнат лицемерието

-Не можете да им кажувате на пензионерите колку многу ги сакате, а во исто време да има ги доцните пензиите, да им го укинете покачувањето, да им укинете редица другите поволности од државата и општината и да ги држите во страв и незивесност – дали следниот месец пензијата воопшто ќе им стигне. Не можете да се среќавате со жените ,  а да не ги поддржувате граѓанските иницијативи за продолжување на породилното. Не можете да се сликате по изложби, а да немате ниту поглавје, ниту еден ред за културата во вашата Програма, истакна кандидатот за советник во општина Битола од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Антиќ Костовска.

Според неа, битолчани добро знаат дека тоа е СДСМ на Зоран Заев, односно дека тие едно зборуваат, а друго прават. Антиќ-Костовска потенцира дека таквата превртливост не заслужува доверба туку казна, додавајќи дека казната ќе ги стигне и оти таа ќе биде испорачана од гласачите на 15 октомври.