Аналитичари: Институциите виновни за инцидентот во Гошинце

Image

Министерството за внатрешни работи треба да излезе со повеќе факти за инцидентот во караулата во Гошинце, кога 40 маскирани луѓе упаднаа и заробија четворица полицајци, а институциите треба да го проверат капацитетот на своите единици за одвжговор на вакви ситуации, сметаат аналитичарите.

 „Многу наводни работи има во денешната изјава на Министерството за внатрешни работи по повод, како што рекоа, терористичкиот напад на караулата во Гошинце. Многу често МВР излегува со вакви наводни изјави, место со факти и поради тоа предизвикува страв и возбуда кај народот. Треба да слушнеме нешто поконкретно за овој случај. Вакви напади се случувале и ќе се случуваат секаде во светот. И во Лондон имаше напади, па не пропадна државата, но сепак, МВР треба да даде една издржана и фактичка анализа на состојбата“, смета аналитичарот Алберт Муслиу.

Аналитичарот Владимир Божиновски, пак, смета дека настаните што се случуваат во последниот период во Македонија многу наликуваат на оние од 2001 година, пред конфликтот, но во малку подоцен период од годината.

„Ова е чудно. Многу наликуваат на настаните од во 2001 година, еве имавме прислушување, сега напад… Периодот е малку подоцна од она што беше околу Танушевци, кога се случи во февруари. Многу е важно сега како ќе изрегаираат нашите сужби да не е толку млако за после да се случи 2001 година. Друга работа, ова некако не личи дека организирано стојат посериозни структури. На Албанците не им одговара да бидат поврзани со вакви работи, ниту на Албанците од Косово, ниту на Албанците од Албанија, а најмалку на Албанците од Македонија. Не верувам дека тоа се структури како ОВК на Косово. Некако многу поверојатно е некој друг да сака да искористи конфликт, како нарко банди, нарко дилери. Секако, сево ова е шпекулација и не сакам да определам дали тој некој е од внатре или надвор, едноставно, некој на којшто можеби би му одговарало нестабилност“, вели Божиновски.

За безбедносните реперкусии по овој случај треба МВР и соодветните институции да се изјаснат, но од политички аспект, но Муслиу очекува реакции од партиите и од македонскте и од албанските.

„Секако, мислам дека нивните изјави ќе се движат во правец на смирување на состојбата. Да се смири народот од непријатното возбудување, но ова ќе има подолгорочни импликации“, вели Муслиу.

За најавите на генералот Стојанче Ангелов дека власта планира меѓуетнички конфликти во липковско, дадени пред неполн месец, Божиновски  вели дека треба да се испита од каде му се нему таквите информации.

„Потребно е да се исече во корен, сега. Треба да се види и подготвената на нашите единици, како може некој да им улета во караула и да ги фати на спиење. Тие се таму да го штитат територијалниот интегритет, а не да спијат и да бидат неподготвени. Од реакцијата на институциите зависи дали утре некој друг ќе се дрзне да направи нешто слично. Се разбира, ова покажува дека има проблем“, вели Божиновски.

Смета дека очигледно е лесно да се влезе од Косово, поради недоволно добра поставеност на институциите на системот, па лесно им е на некои групи да организираат ваква работа.

Тој не верува дека се некои институции од Косово, а смета дека самото Косово треба да се прокламира како држава која е гарант на стабилност во регионот, и недозволиво е да се допушти упад на каква било група на територија на друга држава.

„Објавија дека биле 40 луѓе, а што правеле нашите во караулата, место да ги спречат. Тоа е нивна задача, да спречат недозволен премин на границата. Одговорноста е кај самите институции. Ако немаме соодветна реакција, ќе охрабрат и други вакви слични инциденти. Ако ти влезе некој во село, 10, 20, 50 луѓе тешко дека ќе можеш да му се спротивставиш. Ако реакцијата е на префисонално високо ниво, ќе се расипат плановите. Ако не се изреагира како што треба, ова е како покана некој друг да направи некој проблем“, додава Владимир Божиновски.

Според официјалните информации на Министерството за внатрешни работи, ноќта кон вторникот околу 2.30 часот по полноќ, поголема група од околу 40-ина лица ја нападнале караулата Гошинце, којашто се наоѓа во близина на северната граница кон Косово.

Напаѓачите, според МВР, биле добро вооружени и носеле маскирни униформи со ознака на УЧК и меѓу себе комуницирале на албански јазик. При нападот на караулата заробени биле четворица полицајци кои во моментот биле дежурни во караулата. Според првичните информации на полицијата, лицата се од Косово, но се преземаат мерки за обезбедување дополнителни докази./крај/мф/бб

 Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.