Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, во средата оствари средба со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, со кого разговараа околу случувањата по изборите од 11-ти декември и потребата за политичка стабилност и враќање на евроатланската агенда, соопштуваат од партијата.
Ахмети истакна дека ДУИ внимателно и смирено ги следи случувањата, имајќи ги предвид интересите на граѓаните и потребата за безбедност и стабилност во земјата. Тој исто така се осврна на платформата на ДУИ за јазична и економска еднаквост, консензуалност, реформи и владеење на правото, како и евроатлантската интеграција.
Ахмети нагласи дека ДУИ е решена да го продолжи патот на партнерство со меѓународната заедница кон интеграција во НАТО и ЕУ, добрососедство, добри меѓуетнички односи, економски развој и општествена благосостојба.