Претседателот на Партијата за движење на Турците во Македонија, воедно Министер задолжен за странски инвестиции во Владата на Република Македонија, Проф. Д-р Аднан Ќахил, вчера вечер го пречека и оствари средба со поранешниот премиер на Република Турција, актуелен пратеник од Конја, Проф. Д-р Ахмет Давутоглу на скопскиот аеродром „Алексанар Велики“, кој дојде во работна посета на Република Македонија.
Давутоглу, кој во Скопје пристигна заедно со својата ќерка г-ѓа Сефуре Давутоглу, покрај Министерот задолжен за странски инвестиции Проф. Д-р Аднан Ќахил, беше пречекан и од страна на амбасадорката на Република Турција во Република Македонија Н.Е. Тулин Еркал Кара.
Проф. Д-р Ахмет Довутоглу, кој ќе биде во тридневна работна посета на земјата, по средбата со Претседателот на Владата на Република Македонија г-дин Зоран Заев, ќе оствари и посета на Кабинетот на Министерот задолжен за странски инвестиции Проф. Д-р Аднан Ќахил.