Во салата на општина Новаци денеска се одржа третиот по ред фестивал на детско творештво „Мост меѓу две срца“ . Фестивалот го одбележува светскиот ден на книгата и авторското право и има за цел да придонесе поттикнување и промовирање на детското творештво, креативно изразување гледано од детското срце и негова дисперзија и развој во руралните средини.
„ Ние како единица на локалната самоуправа секогаш се вклучуваме во вакви и сличн и настани и се разбира помагаме во нивното реализирање во границите на нашите можности. Овој проект има за цел да придонесе за поттикнување на детското творештво преку организирање на конкурсот „Мост меѓу две срца“ . На ваков начин делуваме едукативно и го пПоттикнувамео детското творештво гледано од креативноста на детското срце и срцето на книгата. “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци
Оваа година на фестивалот учествуваат претставници од дванаесет основни училишта од општините во регионот со поетски, прозни и ликовни творби од ученици од одделенска и предметна настава
„Оваа година младите љубители на убавиот збор пишуваа на тема „Творам со срце за родниот крај“ . Авторските творби кои што пристигнаа на фестивалот по автоматизам влегуваат во детска книга која се објавува во октомври по повод месецот на книгата. За најдобрите творби одлучуваше четиричлена комисија составена од писатели и професори по македонски јазик , воедно најдобрите творби ќе бидат наградени. “ рече Елизабета Јончиќ, КИК Новаци.
Фестивалот е организиран од Културно иновативниот клуб Новаци со партнерство на ОУ,,Славко Лумбарковски” Новаци и Општина Новаци.