Шербеџија: немам намера да режирам, „Ослободување на Скопје“ ми беше сон

На прес конференцијата беа присутни режисерското дуо Раде и Данило Шербеџија, продуцентите Роберт Насков и Горјан Тозија, финскиот копродуцент Арто Халонен, како и актерите Луција Шербеџија, Силвија Стојановска, Мико Ноусаинен, Петар Мирчевски и 11 годишниот актерски талент Давид Тодосовски

Филмот е македонско-хрватско-финска копродукција, а финансиски е поддржан од Европскиот филмски фонд за копродукции „Еуроимаж“.

Шербеџија објасни дека одамна сакал да го направиовој филм, а реализацијата на таа идеја започнала штом сценариото, кој самиот го напишал му се допаднало на драматургот Душан Јовановиќ и тој го одобрил.

-Неколку пати бевме одбиени од фондовите, тоа едноставно се случува, но конечно добивме „ветер во грб“ од Европскиот филмски фонд за копродукции „Еуроимаж“, при што го добивме најголемиот просек за сценариото и максималниот износ – вели Шербеџија.

Тој рече дека него пред се го инттересирала приказната за детето, неговата судбина и поврзаноста на сето тоа во актуелниот контекст кога сите сведочиме на илјадници детски судбини, кои во денешно време време се соочени со војни и уништувања.

-Не е доволна причина некој да изрежира филм само затоа што сака да го оствари својот сон, основното прашање за филмскиот режисер е зошто го правиш тоа и каква порака сакаш да пренесеш. Иако, немам план да продолжам да режирам, вели Шербеџија.

Околу предизвикот на овој филм да соработува со татко му и сестра му, Данило Шербеџија рече дека и нивниот однос за сето време бил многу професионален без оглед на семејните врски.

-Односот бнеше многу професионален, без оглед на семејсните врски татко-син, брат-сестра. Раде повеќе се концентрираше на работата со актерите, а јас со камерата. Повторно би работел со нив во иднина- рече Данило Шебеџија.

За потребите на филмот, било актерите морале да научат германски јазик, посебно оние што немале никакво предзнаење, како Мико Ноусиаинен и Луција Шербеџија. Иако почнале бувкално „од нула“ тимот се согласи дека на крај се’ испадна беспрекорно, а Шербеџија истакна дека актерот може да направи буквално се’

-Од моето искуство како актер, актерот може да направи буквално се’! – рече Шербеџија.

Што се однесува пак на улогата на малиот Зоран, кој ја играше 11-годишниот Давид Тодосовски, после деталниот кастинг Данило и Раде Шербеџија едногласно се согласиле дека тој е вистинскиот избор за филмот. Луција Шербеџија и Силвија Стојановска исто така истакнаа дека се сосем задоволни од актерскиот дел, посебно што Раде Шербеџија одвоил време да му обрне внимание на секој актер посебно.

Публиката беше исто така задоволна од музичкито дел на филмот, па иако композиторите Томас Катерине и Влатко Стефановски од објективни причини не беа во можност д априсуствуваат на прес конференцијата, околу нивната соработка Шербеџија објасни дека оваа соработка на двајцата композитори најпрво се случила принудно, бидејќи филмот е македонско – финска копродукција, па сепак, откако двајцата композитори взаемно се запознаеле со своите дела, пронашле многу компатибилен музички сензибилитет и оствариле одлична соработка.

Продуцентот Горјан Тозија при крајот на конференцијата рече дека е задоволен што конечно му се укажала можност да работи на филм во земјата каде што е роден.

-Ја сум многу задоволен бидејќи после долги години, ми беше дозволеново да работам на филм во земјата каде што сум роден. Јас прво конкурирав со моето име и презиме на Фондот, со исто сценарио, ист буџет и  истите параметри , но фондот ме одби. Да не се лажеме, овој филм ги има истите параметри како што филмовите вообичаено ги имаат. Да не беше Раде толку близок со Министерската за култура и со бившиот премиер, филмот немаше да се случи и тоа е вистината. Филмските работници, филмот и сите уметници и  припаѓаат на слободата,  демократијата и вистината и затоа сакам да ги кажувам вистините без оглед на тоа колку не му се допаѓаат некому- рече Тозија.

Раде Шербеџија пак реплицираше дека без оглед на политичките предзнаци уметниците мора да работат и во прилог на општеството е да се најде начин различностите да се надминуваат.

-Јас сум им навистина благодарен на луѓето кои што се задолжени да уптравуваат со  средствата за филмот и да дадат поддршка, како и Министерството за култура и Владата на Македонија . Секогаш ќе постојат односите помеѓу уметникот и мецената кој ја потпомага неговата уметност,а  вистинскиот мецена мора да го препозне вистинскиот уметник. Но и во суштината на секој уметник исто така е правејќи ја својата уметност да биде на некој начин дисидент. Без оглед на политичките предзнаци, ние мораме да работиме. Она што сакам да го кажам е дека е голема работа луѓето кои се политичари да сфатат  дека од повисок општествен интерес, каков што е културата, е да се надминат  различностите – заклучи Шербеџија.

 

Младиот Зоран Тодосовски раскажуваше како бил избран од 1500 деца за главната улога и дека повтоно би сакал да игра на филм.

Во компетенција за наградата „Златна камера 300“ вечерва ќе се прикаже романскиот силм „Дипломирање“, по режија и сценарио на Кристијан Мунгиу, а кинематографер кој соработува со ова големо име во романската филмска индустрија е малдиот Тудор Владимир Пандуру.

Токму Пандуру беше гостин на денешната прес конференција на која се најави претстојнат апроекција на филмот „Дипломирање“, а диркеторот на фестивалот Благоја Куновски заедно со младиот кинематограферер зборуваше за романската кинематографија, како и за синоќешното о9творање на фестивалот „Браќа Манаки. “

-Драго ми е дека успеавме да направиме една  богата и добра програма и во тоа ќе се уверувате од ден во ден. Ценам сечие мислење, но според мене мислам дека имавме извонреден почеток,  достоен на реномето на фестивалот. Уште еднаш ќе потенцирам дека се додека сум позиција да решавам, наши ѕвезди на фестивалот, кога веќе се користи тој „star system“ за мене се кинематограферите. Почит за сите други, но Холивуд некако го наметна тоа дека ѕвезди се убавите жени. Овој фестивал е горд дека е првиот и нјстариот на свет посветен на креативноста нанајважниот уметник во создавањето на едно филмско дело. Роби Милер и Џон Сил се ѕвезди на нашиот фестивал и сите други кинематографери , претставници и на помладата генерација- рече Благоја Куновски.

Пандуру истакна дека му е голема чест што соработувал со такво големо име од романската кинематографија како Кристијан Мунгиу, а и дека отворањто на фестивалот „Браќа Манаки“ му оставило голем впечаток.

-Чест ми е да се биде на фестивалот во град со ваква историја и значење за кинематографијата. Што се однесува до отварањето и првите моменти на фестивалот, отворањето започна моќно, како акционен филм- рече Пандури.

Благоја Куновски ја посочи како позитивен пример романската кинематографија, каде што огромен дел од филмовите се занимаваат современи, актуелни општествени  проблеми.

-Сите кинематографии треба да учат од Романија, да се откачат од историската опсесија и да се свртат кон реалноста. Современоста ни врие на сите страни а сите го игнорираат тоа. Скоро секој филм на Романците е на современа тема- заклучи Благоја Куновски – Доре.

Веднаш по прес конференциите мастер клас и отворен разговор се одржа со Клер Пијман кинематограферка и долгогодишна соработничка на Роби Милер, годинашниот лауреат на Златна Камера 300 за животно дело. Во рамки на разговорот публиката го виде и документарниот филм за работата на Милер со Ларс фон Трир, „Отпечаток на месечината“.