Филмот „Rogue One: A Star Wars Story“ ги распродал мултиплекс кината во САД и заработил 155 милиони долари, што е второто најдобро остварување на некој филм во декември на сите времиња, второ најголемо оваа година и едно од најдобрите во историјата на кинематографијата.
Филмот ширум светот изминатиот викенд заработил вкупно 209,5 милиони долари, откако се појави на речиси сите поважни пазари, освен во Кина и во Јужна Кореја. Од „Dusney“ планираат да снимат уште продолжувања на „Rouge One“, и веќе работат на филмот за раната младост на Хан Соло кого ќе го толкува Олден Ејренрајк.
Најновиот од серијата „Ѕвездени војни“ се покажал неодолив за публиката и се чини деката ќе биде така и во текот на целите Божикни и новогодишни празници. Уште првиот ден од прикажувањето филмот го собори рекордот според бројот продадени влезници во претпродажба во САД, заменувајќи го досегашниот рекордер, минатогодишните „Ѕвездени војни: Силата се буди“. Овој филм, пак, на студијата „Disney“ минатата година им донесе рекордни пет милијарди долари заработка.
Терминот непосредно пред католички Божик е најдобриот празничен термин, но од минатата година тоа претставува отстапување од досегашните датуми за почнување на проекциите на „Ѕвездените војни“. Сите досегашните филмови во дистрибуцијата тргнуваа во мај, а епизодата од 1999 година, заедно со нејзината 3Д верзија од 2012-та заработи милијарда долари.
Сагата „Ѕвездени војни“ стана најпопуларниот научнофантастичен еп во филмската историја. Нејзините фанови низ светот се обединуваат во клубови, организираат игри, па дури и го исповедаат и ткн „џедаизам“. Насловот „Star Wars“ беше употребен и за програмата на американската одбрана SDI, а фразата „Империја на злото“ првпат ја употреби поранешниот американски претседател Роналд Реган за сметка на тогашниот Советски сојуз.
Првиот филм беше снимен во 1977 година („Нова Надеж“ – Star Wars: Episode IV – A New Hope), вториот датира од 1980 година („Империјата го возвраќа ударот“ – Star Wars: Episode V – The Empire Strikes Back), третиот филм беше снимен во 1983 година („Враќање на џедајот – Star Wars: Episode VI – Return of the Jedi). Епизоди трилогии-сиквели се појавија во 1999, 2002 и 2005 година.
Компанијата „Disney“ четири милијарди долари го купи „LucasFilm“, творецот на оваа успешна филмска франшиза.