За најдобар поетски ракопис на 43- те Караманови поетски средби, жирито го избра насловот „Тела“на поетесата Славица Гаџова Свидерска.
Наградата ѝ беше врачена на добитничката на централната манифестација во Радовиш. Славица Гаџова Свидерска (1984) во Битола, поет, есеист, истражувач и книжевен преведувач.
До сега ги објавила поетските збирки Бесконечност (2001), Писма (2012), Политики на љубовта (2015) и студијата Книжевноста и дискурсите на моќта (2013). Истражува за дискурсите на моќта и политичкото насилство во книжевноста. Во 2012 година ја добива наградата „Енхалон“ на Струшките вечери на поезијата. Нејзината поезија е објавувана во неколку антологии на современата македонска поезија и преведувана на англиски, италијански, арапски, чешки, словачки, српски и босански.