Главниот актер во филмот “Ослободување на Скопје” Давид Тодосовски ја доби наградата за најдобар дебитант на Мостар Филм Фестивал, заради, како што се вели во образложението на жирито, ”уверливоста на толкувањето на ликот кој содржи многу тешки актерски техники, кој како дете – натуршчик многу успешно ги искажал”.
На истиот фестивал на Раде Шербеџија му беше доделено специјално признание за “креацијата која го премостува времето и служи за зачувување на сеќавањата на едно извонредно уметничко дело од сферата на театарот кое сега во филмски облик е сочувано од заборавот”.
Филмот “Ослободување на Скопје” досега учествуваше на фестивалите во Хелсинки, Пула, Битола, Братислава, Загреб, а му престојат учества на фестивалите Фест во Белград, Палм Спрингс, Монтевидео, Подгорица.