Во просториите на ЕУ Инфо-центарот во Скопје, се одржа првата прес-конференција на фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ – Битола. На присутните новинари и медиуми им се обратија: Димитар Николов, директор на фестивалот, Благоја Куновски, уметнички директор и селектор на главната програма, Дарко Башески, директор на Агенција за филм, Владимир Талески, градоначалник на Битола и Борче Димитровски, директор на Центарот за култура од Битола. Фестивалот годинава ќе трае 10 дена, во периодот од 18 до 27 септември.
Концептот на фестивалот обединет под мотото „Филмот е убав“ го претставија организаторите на фестивалот, а беше најавена и презентацијата на нашиот фестивал на претстојниот Кански филмски фестивал (13-24 мај).На 17 мај ќе се одржи македонскиот ден во рамките на павилјонот на земјите од Југоисточна Европа.
-Годинава ви се обраќаме малку порано, заради нашата специјална активност, презентацијата што заедно со Агенцијата за филм, Кинотеката на Македонија, Градот Битола, Центарот за култура ја организираме. Сакаме да се претставиме во најдобро можно светло со сите наши можности и да докажеме дека можеме да направиме светско издание, како и досега. Идејата ја поттикна Благоја Куновски. Оваа година Кан одележува 120 години од браќата Лимиер, само 10 години подоцна браќата Манаки се појавија на светската мапа на новата магија што до ден денес го обзеде светот. Тоа е убав повод да покажеме дека на овие простори не сме заостанувале зад Европа и светот – рече Николов.
Тој истакна дека партнер на фестивалот и годинава ќе ни биде Вип оператор, кој „ќе биде еден од главните стожери на нашите активности“.
Николов додаде дека за промоцијата во Кан имаме поддршка од винаријата „Тиквеш“, кои ни подарија шишиња со нивното врвно вино „барово“. Во рамките на 110 години творештво на фестивалот ќе биде промовирано кај сите филмски професионалци од цел свет, на луѓето што ќе дојдат на коктелот што го организираме. Во рамките на тие презентации, ќе ги презентираме материјалите за градот Битола како филмски град, што е досега направено, објасни директорот на фестивалот.
Уметничкиот директор Куновски најави дека еден од главните гости на 36. издание на фестивалот ќе биде полскиот Оскаровец и трикратен добитник на наградите на нашиот фестивал, Ришард Ленчевски, прифатил да дојде во Битола.
-Наш столб ќе остане официјалната програма во која ја доделуваме „Златната камера 300“. Ришард Ленчевски, трикратен добитник на нашите награди, ќе биде наш гостин годинава, на наше големо задоволство. (Last resort 2001, My summer of love 2005, Ida, 2014) . Со години се обидуваме да дојде и овој пат прифати. Тоа се се добри знаци дека чекориме во пресрет на добро издание. Кога на 4 март го отворив сајтот на Кан, а Николов беше на посета на влашките гробишта на гробот на Милтон, да се потсетиме сите, тогаш не беше тешко да се надоврзам на асоцијацијата и да се приклучиме на овој голем јубилеј. Во Кан се вртат околу 5.000 филмаџии. Овие материјали ќе допрат во земјата на вината да се однесе едно од нашето најдобро вино. Го имаме и дивидито, издание на Кинотеката. Фотографиите на Манаки се на нивото на големите имиња на светската фотографија – рече Куновски.
Нови програми на фестивалот годинава се „Нов европски филм“, за чија селекција ќе се погрижи филмскиот критичар Дејан Трајкоски и SEE Camera (изборот ќе го прави режисерот Саша Станишиќ). Сите фестивали стремат кон нов европски филм и што поголема застапеност, а втората е посветена на кинематографиите на земјите од Југоисточна Европа.
Прв добитник на наградата SEE Camera за животно дело е Божидар Бота Николиќ, славен кинематографер кој ги снимил големите хитови „Кој тоа таму пее“, „Балкански шпион“ и многу други.
Документарната програма си чекори по своите патеки на традицијата, неаја води Гена Теодосиевска, детскиот филм исто така, ќе го имаме.
-Фестивалот секогаш го имал акцентот на кинематограферите, но се разбира, заради звучноста на имињата, па поголемото внимание на јавноста заради звучните имиња. Ќе го задржиме тој тренд и ќе гледаме да донесеме што повеќе ѕвезди, но и директори на фотографија. Важно ни е што повеќе филмски професионалци да носиме – рече Николовски.
Николов додаде дека од годинава фестивалот има поддршка и од Европската Унија.
-Фестивалот секогаш го имал акцентот на кинематограферите, но се разбира, заради звучноста на имињата, па поголемото внимание на јавноста заради звучните имиња. Ќе го задржиме тој тренд и ќе гледаме да донесеме што повеќе ѕвезди, но и директори на фотографија. Важно ни е што повеќе филмски професионалци да носиме – додаде тој.
Градоначалникот на Битола, Владимир Талески го изрази задоволството што и Битола директно е вклучена во презентацијата во Кан.
-За Битола фестивалот „Браќа Манаки“ е најголем културен настан. Николов веднаш не изненади со новите идеи и ги прифативме со широко отворени раце. Ваква презентација досега не сме имале, нашата долгогодишна идеја за Битола филмски град, овој пат ќе биде презентирана на еден од најзначајните фестивали. На почеток, секоја идеја изгледа невозможна и колку повеќе потсмев предизвикува, толку ќе даде поголем резултат и радоста е поголема. Деновиве подготвуваме тендер да ја понудиме маркицата за сите заинтересирани кои сакаат да изградат филмски студија во Битола –рече Талески.
Убаво е „Браќа Манаки“ да одржува добри врски со повеќе фестивали, а особено со сродните, затоа очекуваме дека во септемвери ќе имаме што поголемо меѓународно присуство, истакана директорот на Агенцијата за филм, Дарко Башески.
-Веќе пет години Македонија се претставува на Филмскито фестивал во Кан, каде нашите филмаџии остваруваат контакти за идни копродукции. Сме имале и порано обиди за промоцја на „Браќа Манаки“, но досега не сме имале. Ја поддржувам оваа голема иницијатива на новиот директор на фестивалот, кој покрај идеите за проширување на фестивалот, сака да го промовира и меѓународно. Во рамките на маркетот заедно ќе организираме коктел, со меѓународната мрежа ЕАВЕ – рече Башески.
Директорот на Центарот за култура, Борче Димитровски, истакна дека е привилегија, но и голема обврска соработката со фестивал од таков калибар.
– Досега сме имале прекрасна соработа, увертирата со новиот директор е повеќе од одлична и се надеваме дека повеќе од соодветно ќе се надоградиме на неговата амбиција и енергија. Ја дигитализиравме големата сала, нема да застанеме овде, од оваа година размислуваме да ја опремиме и малата сала и секако, сите придружни простории за реализација на фестивалот. Ова го правиме за што е можно побројна публика, а ние со редовниот репертоар во Центарот за култура, доста придонесуваме за тоа – рече Димитровски.