Врховниот суд на САД пресуди во корист на јужнокорејскиот Samsung, отфрлајќи ја ја одлуката на Апелациониот суд според кој, компанијата беше должна да исплати оштета од 400 милиони долари на американскиот Apple заради копирање на дизајните на iPhone.
Во пресудата на Врховниот суд се наведува дека казната од 399 милиони долари, е неоснована бидејќи тоа ја преставува целата добивка од продажбата на паметни телефони на Samsung, и дека сторителот не треба да ги предаде сите приходи од производите кои користат украден дизајн, туку само профитот од едена компонента, а не приходите од целиот производ.
Со оваа одлука, овој случај е вратен на понискиот суд за понатамошна постапка.