Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-октомври 2016 година, изнесува 219.292.570 илјади денари и бележи раст од 5,8 отсто во однос на истиот период од претходната година.
Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-октомври 2016 година, изнесува 307.166..245 илјади денари, што е за 5,7 отсто повеќе во однос на истиот период лани.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари-октомври 2016 година изнесува 87.873.675 илјади денари.Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-октомври 2016 година, изнесува 71,4 отсто.
Во периодот јануари-октомври 2016 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија.