Вкупниот промет на Македонската берза за хартии од вредност и во вторникот остана скромен, со вкупна сума од 3,69 милиони денари остварена преку вкупен број од 33 трансакции.
Кај акциите најмногу се тргуваше со акциите на Охридска банка АД Скопје, при што беше остварен промет од 1,4 милиони денари, при истргувано количество од 403 акции по просечна цена од 3.580 денари.
При самиот крај на тргувањето кај оваа хартија помина количество од 169 акции по цена од 3,500 денари.
На листата на добитници единствена се најде обврзницата од петнаесеттата емисија (РМДЕН15) со раст од 0,54 отсто.
За обврзниците во вторникот постоеше заинтересираност кај инвеститорите само за обврзницата од петнаесеттата емисија, па така се оствари промет од 144 илјади денари.