Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во октомври 2016 година, во однос на октомври 2015 година, изнесува 96.4.
Индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во октомври 2016 година, во однос на октомври 2015 година, бележи опаѓање од 0.8 отсто, во секторот Преработувачката индустрија бележи опаѓање од 4,5 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација поради зимската сезона се во пораст од 10,5 отсто.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред се, на намаленото производство во следниве оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на тутунски производи, Производство на облека, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на метали и Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари-октомври 2016 година, во однос на периодот јануари-октомври 2015 година, изнесува 104.4.