Се побројната конкуренција во последните неколку години со кои тешко може да се справи компанијата HTC, ги натера членовите на оваа компанија да размислат за опцијата да го продадат својот мобилен сектор, пренесуваат светските агенции.
Иако производите на компанијата се навистина добри, сепак невозможно е да се натпреваруваат со се побројните продадени производи на Samsung и Apple, a не треба да се заборави и на големиот број достапни телефони на кинеските компании Xiaomi, Oppo и Huawei.
Тоа е причината зошто информацијата за престанувањето на производството на телефони на HTC, не е изненадувачка, а според гласините зборуваат дека HTC би можел да го продаде својот мобилен сектор, а некои кажуваат дека тоа би можело да биде добро решение за Google, особено затоа што компанијата планира уште Pixel телефони во наредниот период.
Тоа не значи и крај за HTC, со оглед на тоа дека HTC има и други одлични производи како што се HTC Vive, а да не заборавиме дека директорката Cher Wang порача дека виртуелната реалност во иднина ќе преставува приоритет на компанијата.