Заминала кај братот во соседството, а ја погодил куршум

Жена на возраст од 69 години, била погодена од огнено оружје во левата натколеница, по што и е направена операција, соопшти полицијата.

Имено, дежурен лекар од Клиничкиот центар во Тетово пријавил дека кај нив е донесена жена со повреда здобиена од огнено оружје.

Се работи за И.А. (69) од Тетово, насажелба Дреновец-Порој, која се здобила со повреда во пределот на левата надколеница, при што дошло и до фрактура на коската на која и била извршена хируршка интервенција и бил изваден еден проектил од огнено оружје, по што била задржана на лекување.

Од извршениот разговор со повредената, истата изјавила дека истиот ден околу 22.30 часот откако излегла од домот и се упатила кон куќата на нејзиниот брат, најпрво слушнала истрел од огнено оружје, кој доаѓал од непознат правец, а потоа почувствувала болка во пределот на левата надколеница, по што паднала на тротоарот пред куќата сопственост на А.Џ. и со приватно возило била пренесена во Клиничкио т центар – Тетово.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Тетово и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.