Во пожар се задуши жена

Во пожар кој избувнал во петок наутро,  во станбена зграда на улицата „Вера Јоциќ“ број 37 во општина Кисела Вода, почината е 57-годишна жена.

Пожарот настанал од уред за греење во подрумски простории на објектот, адаптирани за живеење на едно лице.

Како што информира командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, Ѕвонко Томески, дојава за пожарот имале во 7 часот.

„Веднаш е излезено на местото и е интервенирано  со четири противпожарни возила и со 14 пожарникари. Пожарот брзо бил ставен под контрола и не било дозволено проширување на други делови од зградата“, рече Томески.

Сепак, жената која живеела таму, не успеала на време да излезе од просториите и се задушила.