СВР-Битола соопшти дека приведени се девет лица од Битола и Прилеп кои во претходниот период биле барани со потерница.
Т.Н.(46), по распишана потерница и осуден на казна затвор од 5 години и 6 месеци од кои издржал 2 години и 6 месеци, Р.Е. (29), по распишана потерница и осуден на казна затвор од 7 години и 11 месеци , од кои издржал 7 години и 22 дена , има за издржување уште 5 месеци и 8 дена, потоа Д.Ѓ.(25) кој бил осуден на казна затвор од 6 години и 1 месец, одлежал 6 месеци има за издржување уште 5 години и 5 месеци, а приведени се и Р.Ш (29) врз основа на наредба од Општински Суд (ОС) Битола и В.П. (37) истотака врз основа на наредба од ОС-Битола за издржување на казна затвор.
Од секторот за односи со јавност при СВР-Битола информираат дека на подрачето на полициската станица Прилеп приведени се Б.К.(41) осуден на 2 месеци затвор, Д.Р.(43) осуден на 3 месеци затвор, Ф.А. осуден на 5 месеци затвор и З.Н. (33) по распишана меѓународна потерница , лицето е екстрадирано од Хрватска и спроведено во затворот во Прилеп.
Приведените и спроведени лица се извршители на кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога, како и кражби и разбојништва, посочуваат од СВР-Битола.