Рано изутрината околу три часот по полноќ во Битола се опожарени уште две патнички возила.
Опожарени се патничко возило од марката „Опел корса„ сопственост на Х.Т. и патничко возило марка „Мазда“.
Според некои очевидци утрината околу три часот се слушнала силна експлозија по што едното возило пламнало, а огнот веднаш го зафатило и другото возило.
Противпожарната единица излезе на местото на настанот и го локализираше пожарот, но патничкото возило „корса„ е речиси целосно оштетено.
Во врска со најновите палења на овие две возила, во Битола денеска со реакција се јавија од СДСМ кои сметаат дека зад палењето на возилата има политичка димензија бидејќи едното од возилата е сопственост на активистка на СДСМ.
Полицијата засега не излегува во јавноста со информации околу опожарувањето на возилата што беа паркирани наспроти Техничкото училиште, но по овој пожар жителите се загрижени затоа што пред само два дена истотака беа запалени две возила.
Во Битола за кус период запалени се над 20 возила.