Штипјанец починал откако претходно му се слошило во кругот на Клиниката за стоматологија

Штипјанец додека управувал возило му се слошило, по што загубил контрола над автомобилот и удрил во пет паркирани возила.

Како што соопшти полицијата, во вторникот околу 09,10 часот во кругот на Клиничкиот центар во Скопје на паркингот на Клиниката за стоматологија се случила сообраќајна незгода во која автомобил „голф“, управувано од М.К. (62) од Штип удрило во пет паркирани возила.

Имено, М.К. управувајќи го возилото во еден момент му се слошило и додека му укажувале лекарска помош и го пренесувале во Ургентниот центар, тој починал.