Прилепчанец со ловџиска пушка ранил сограѓанин

Браќа излегле да соберат огревни дрва во близина на Прилеп, но човек кој носел ловџиска пушка, пукал кон нив и ранил еден од браќата.

Имено, во четвртокот, Д.А. пријавил дека истиот ден околу 10 часот на местото викано „Леково“, додека со неговите браќа, со две запрежни возила, тргнале да собираат огревни дрва, го забележале лицето К.Т. (56) од Прилеп, кој со себе носел ловна пушка и кој во еден момент од истата пукал кон Д.А., но не го погодил.

К.Т. и по вторпат пукал со пушката кон Д.А. и го погодил во пределот на десната надлактица, левата подлактица и левата нога, а потоа го напуштил местото на настанот. Д.А. браќата го пренеле во ЈЗУ Прилеп каде му биле констатирани телесни повреди.

Полициски службеници од ПС Прилеп го привеле К.Т. и од истиот со потврда за привремено одземени предмети одземени му се една ловна пушка од руско производство, еден ловен карабин „Црвена застава“, една ловна пушка од бугарско производство и два патрони. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.