Двајца непознати разбојници под закана со нож ограбиле бензинска во Прилеп.
Имено, околу 3 часот по полноќ во понеделник, во Прилеп, на бензинска пумпа во населба Варош две непознати маскирани лица извршиле разбојништво. Сторителите, со закана со нож, од двајца вработени побарале пари, по што ги затвориле во тоалетот. Потоа од работното биро го одзеле дневниот промет и побегнале од местото на настанот.
Полицијата од Прилеп презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.