Велешанецот Тоше К. (43) бил застрелан во понеделник попладне во Велес, по што во тешка состојба бил префрлен во велешката болница, каде што починал.
Полицијата соопшти дека има приведено едно лице, за кое постои сомнение дека го извршило убиството.
Според првичните неофицијални информации, Тоше К. цела вечер играл карти со својот пријател Б.Ш. (31), но попладнево се слушнале пет истрели, по што Тоше целиот облен во крв излегол од куќата, а Б.Ш. стоел над застреланиот и држел пиштол. Полицијата веднаш го привела, а тој не пружал отпор.
На лице место се јавен обвинител, екипа на СВР Велес, како и форензичка екипа од Скопје.