Ограбена продавницата во кругот на фабриката „Европа“

Арамија со закана со пиштол украл 50.000 денари од касата на продавницата на „Европа“, лоцирана во кругот на истоимената фабрика во Скопје.

Настанот се случил во средата попладне, кога непознато машко лице маскирано, под закана со пиштол успеал да одземе 50.000 денари од дневниот промет при што ја заклучил вработената во тоалетот и избегал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.