На 11.09.2017 година околу 17,30 часот во Битола на ул.„Орце Николов“ во Старата чаршија во менувачница А.П.(39) од Корча- Р.Албанија и З.Т.(32) од Битола, се обиделе да пуштат во оптек една банкнота од 100 долари, за која постои основи на сомнение дека била фалсификувана.
Во разговорот А.П. објаснил дека во месец октомври 2016 година разменил евра за долари во менувачница во Корча, при што меѓу останатите долари забележал дека една од банкнотите била оштетена и неколку пати се обидел да ја размени во менувачници во Корча, но не успеал. На 09.09.2017 година лицата отишле во две менувачници на подрачјето на Битола, но не успеале во намерата. Вработениот во менувачницата им кажал дека банкнотата била фалсификат и истиот ја искинал. Настанот бил пријавен во СВР-Битола по што било извршено фотографирање и била одземена банкнотата. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 11.09.2017 година околу 13,50 часот во Битола на ул.„Васко Карангелески“ од засега непознати причини помеѓу зградите настанал пожар на сува трева и ѓубриште, кој поради силниот ветер се проширил кон гаражите, при што зафатил шест гаражи.
Од пожарот во гаражите целосно изгорело патничко моторно возило„БМВ“ со битолски регистерски таблици сопственост на С.Т., повеќе кубика огревни дрва и рачен алат, а опожарени биле и патничко моторно возило „Застава-128“ со битолски регистерски таблици и мопед „Томос“ кои се наоѓале во гаражата сопственост на М.С. Опожарено било и едно патничко моторно возило „Варбург“ без регистарски ознаки. Од страна на Територијалната противпожарна единица-Битола пожарот бил изгаснат, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.