Во заедничка акција на СВР-Битола со РЦ за ГР Запад, на 20.02.2015 година се приведени и поднесена кривична пријава против три лица, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прокурсори“.
Кривична пријава е поднесена против В.Б.(47) од Албанија со живеалиште во Ресен, О.С.(44) од Битола и Т.П.(26) од Битола.
На 20.02.2015 година, откако претходно се договориле, да извршат транспорт на опојна дрога марихуана, во количина од 4649,2 грама, од с. Стење до Битола, кај местото Царев Двор – Ресен, биле пресретнати од полициска патрола на ПС Ресен и спречени во намерата.
На пријавените им е одредена мерка притвор.
СВР- Битола поднесе кривична пријава против Д.Т.(58)од Битола, поради основ на сомнение дека сторил кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“.
Пријавениот во периодот од 20.01.2015 година до 19.02.2015 година во Битола во повеќе наврати вршел полов напад и други полови дејствија врз две деца од Битола. По пријавувањето на настанот од страна на СВР- Битола се извршени низа мерки и активности и извршено препознавање на лицето.
Од страна на судија во претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење до 30 дена.
СВР Битола поднесе кривична пријава против С.У.(46) од Битола, , В.А(22) и Е.А.(19) oд Велушина – Битола поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.
Пријавените на 20.02.2015 година околу 19,30 часот на патот помеѓу селата Барешани и Олевени, во близина на Битола, пресретнале четворица сириски државјани, на кои им одзеле мобилни телефони, документи и 900 евра. Веднаш потоа започнале да ги удираат со клоци, тупаници, дрвен стап и метална цевка и откако ги претепале го напуштиле лице местото.
Еден од сириските државјани пријавил во ПС од ОН Битола, од каде се превземени мерки и активности и лицата се пронајдени и приведени.
Од страна на судија во претходна постапка на пријавените им е одреден притвор во траење до 30 дена.