Од Билтенот на СВР Битола

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.Р. (23) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Во Битола, во тоалет во угостителски објект, од страна на полициски службеници бил затекнат пријавениот кој во рака држел 87 таблети екстази, со нето маса од 7,28 грама. По преземени мерки било утврдено дека пријавениот екстазите го набавил од Куманово за паричен надомест од 10.000 денари.

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Л. (35) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи “.  Во Декември 2016 година пријавениот, без да поседува дозвола од лице од Косово, неовластено купил пиштол марка „Чешка Зброевка“ калибар 7,65 мм. со рамка со седум куршуми калибар 7,65мм. Од страна на полициски службеници бил затекнат пријавениот и при извршен преглед му било пронајдено и одземено наведеното оружје.