Во саботата околу 16 часот во СВР Струмица, 46-годишниот Г.К. од Ново Село, струмичко, пријавил кривично дело „повреда на слобода на определување на избирачите“ од страна на лицата С.М. и П.Г. од истото село.
Имено, уште на 5-ти дфекември пријавените двајца, според пријавата, дошле во неговиот дом и му се заканувале дека ќе му ја укинат социјалната помош и дека ќе го убијат доколку не им ја даде личната карта. Истиот се исплашил и им ја дал личната карта.
За настанот се пожалил на познаник од Струмица кој го донел во СВР да го пријави случајот. За настанот е запознаено Основното јавно обвинителство Струмица. СВР Струмица презема мерки за целосно расчистување на случајот.